Biomedica

Интервентна Кардиологија и Радиологија

Интервентната кардиологија е гранка која користи катетри при третмн на структурни срцеви болести.

Голем е бројот на процедури кои можат да се изведат на срцето со метод на катетеризација. Најчестите вклучуваат вметнување на обвивка во феморалната артерија (во пракса тоа е секоја голема периферна артерија или вена) и канулирање на срцето под ренген визуелизација (најчесто флуороскопија). Радијалната артерија исто така може да се кристи за канулација.

Интервентната радиологија (скратено ИР или ВИР за Васкуларна и Интервентна Радиологија, која се нарекува и Хирушка Радиологија) е медицинска суб- специјалистичка гранка на радиологијата која вклучува минимално инвазивни визуелни процедури за дијагностика и третман на болести за скоро секој орган.  

Концептот позади интервентната радиологија е да се дијагностицираат и лекуваат пациенти користејќи најмалку инвазивни техники кои се моментално достапни со цел да се намали ризикот за пациентот а да се подобри здравствениот резултат.

За Ангиопластика и други процедури можеме да понудиме голем опсег на балони и стентови, додатоци како и концентрат со автологни матични клетки за терапија.