Biomedica

Нефрологија

Нефрологијата се однесува на дијагностика и третман на пациенти со болести на бубрезите вклучувајки електролитен дисбаланс и покачен крвен притисок, како и кај оние пациенти на кои им е потребна терапија за бубрежна замена како што се дијализа или трансплантација на бубрези.  

Многу болести на бубрезите се системски пореметувања кои не се ограничени само на органоот како таков, и можат да бараат специјален третман. Такви примери се системскиот васкулитис (на пример АНКА васкулитис), автоимуните болести (лупус), како и конгенитални и генетски пореметувања (полицистичната бубрежна болест).

Пациентите се упатуваат на специјалистите по нефрологија за различни причини, како што се акутната бубрежна болест, хроничната бубрежнa болест, хематурија, протеинурија, камења во бубрези, покачен крвен притисок и пореметувања на ацидо-базната рамнотежа.

Ние можеме да понудиме комплетен асортиман за дијализа:

  • Машини за дијализа
  • Третман на вода (осмоза)
  • Филтри
  • БИ кертриџи
  • Раствори за дијализа
  • Црева
  • Игли
  • Катетри
  • Додатна опрема