Biomedica

Анестезија и Интензивна нега

Современата анестезија наложува употреба на  различна медицинска опрема во зависност од потребата за мобилност при користењето, хирушки операции и постоперативна интензивна нега како и типовите на анестетик(ци) кои се употребуваат.

Анестезиолозите мора да поседуваат сеопфатно и сложено знаење за производсвото и употребата на различни медицински гасови, анестетички агенси и инхалатори, медицински вдишувачки циклуси и голем асортиман на различни машини за анестезија (вклучувајќи вапоризатори, вентилатори и мерачи на притисок) и нивните соодветни безбедносни карактеристики, опасности и ограничувања за секој дел од опремата, за безбедна клиничка компетентност и нејзина употреба во секојдневната пракса.

Пациентите на кои им е потребна интензивна нега најчесто се соочуваат со нестабилност (низок или висок крвен притисок), недостаток на воздух или респираторен компромис (како на пример респираторна подршка), акутна ренална инсуфициенција, потенцијална смртна срцева аритмија или кумулиран ефект при повеќекратно откажување на органите познато како синдром на повеќе органска дисфункција. Исто така пациентите во интензивна нега се подложуваат на интензивен/инвазивен мониторинг во критичните часови после некоја тешка хирушка интервенција  се до моментот кога безопасно можат да бидат пренесени во друга болничка соба.

Нашето портфолио содржи различни производи за анестезија и интензивна нега:

  • Затворени, безиглени уреди најчесто направени според спецификација на клиентот
  • Антимикробни прекривачи
  • Хемофилтрациски направи
  • Следење на параметри кај пациентите
  • Централни венски катетри